Полицаец е повреден ноќеска откако на него налетал мотоциклист кој не сакал да запре при контрола на сообраќајот.
Настанот се случил на крстосницата од булевар Партизански Одреди со улица Франклин Рузвелт, каде што полицаецот вршел контрола на возачи на мотори.
Полицаецот, како што соопшти полицијата, му дал знак да запре на возач кој управувал мотор „јамаха“ без регистарски ознаки, но тој не сакал да запре и со предниот дел од моторот удрил во полицаецот. Од ударот полицаецот паднал и се повредил. Со возило на Итна мединска помош е пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.
Мотоциклистот, Р.К.(22) од Волково, е приведен и се работи на расчистување на случајот.