Полицаец малтретирал женско лице во ПС Центар, доби кривична и дисциплинска

Од извршениот увид во видео записот на ПС Центар евидентно е дека во случаите на употреба на физичка сила се исполнети елементите на кривичното дело.

601

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО ГОКК- Одделение за гонење кривични дела сторени од полициски службеници поднесе кривична пријава против В.С. , полициски службеник вработен во ПС Центар, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на служба“ по член 143 од КЗ на РСМ. Пријавениот полициски службеник на 28/29. 11.2019 во ПС Центар врз приведено и задржано женско лице применил средства за присилба и физичка сила во повеќе наврати, без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба.

Од извршениот увид во видео записот на ПС Центар евидентно е дека во случаите на употреба на физичка сила се исполнети елементите на кривичното дело. Против полицискиот службеник е поведена и дисциплинска постапка за утврдување на одговорност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...