Полицаец од Гостиварско загина додека вршел увид во сообраќајка

1426
Фото: МВР

Во полициските службеници П.Ѓ. и Ф.Ш. од полициската станица Гостивар вечерва удрило патничко возило „форд фокус“ околу 19 часот на патот Тетово-Гостивар додека го обезбедувале местото на сообраќајната незгода што претходно се случила меѓу две возила.

Според првичните информации од терен, како што соопштија од МВР за МИА, Ф.Ш. е пренесен во болница во Гостивар, а П.Ѓ. починал.

Во ПС Гостивар од слобода е лишен Р.Ш. (31) од село Грашница-Кичево кој го управувал возилото „форд фокус“ со кичевски таблички, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...