Политичарот и раководител на УСЦИС ја згреши пораката за пречек на имигрантите на Статуата на слободата

169
ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER

Вршителот на должноста раководотел на американската служба за државјанство и имиграција (УСЦИС), Кен Цуцинали, во интервју за „Ен-Пи-Aр“, погрешно ја изрецитира поемата поставена на пиедесталот на Статуата на слободата, во поддршка на антиимиграциската политика на Белата куќа.

– Дали ќе се сложите дека зборовите на Ема Лазарус, изрезбани на Статуата на слободата „Дајте ми го вашиот умор, вашата беда,“ се дел од американскиот дух – е прашањето на новинарот до Цуцинели.

На овој тој одговори: „Дајте ми го овашиот умор, вашата беда, вие кои стоите исправени и кои нема да станате трошок за државата“, изјави тој парафразирајќи го вториот дел од стихот.

Овој став на првиот човек на УСЦИС е во поддршка на пожестоките мерки против имиграцијата на администрацијата на Трамп.

Админисрацијата завчера побара воведување строги забрани како одземање на зелените карти (лицата кои имаат легален престој во САД) на имигранти кои користеле федерална и државни субвенции за помош на лица со ниски примања во сферата на здравството, купони за храна, ваучери за домови и други форми на социјална помош.

ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...