Политичарите не ја сфаќаат сериозноста на еколошката криза со која се соочува Земјата?

103

Политичарите не ја сфаќаат сериозноста на еколошката криза со која се соочува Земјата.

Според истражувањата на Институтот за јавна политика, влијанието на луѓето достигна критична точка и се заканува да го загрози општеството и светската економија.

Научниците предупредуваат дека ова може да биде опасна комбинација на фактори, што вклучува климатски промени, губење на веќе загрозените видови, ерозија на земјиштето, исчезнување на шумите и загадување на океаните.

Оваа дестабилизација се случува со брзина која е без преседан. Во извештајот се наведува дека процесот на загадување достигна критично ниво.

Што е потребно?

Експертите предупредуваат дека полека ја губиме можноста да излеземе од потенцијална катастрофа.

Извештајот, исто така, вклучува три клучни елементи кои би можеле да го променат темпото на пропаѓање на животната средина, а тоа се: политички пристап, размери и темпото на распаѓање, како и одлуките што можеме да ги донесеме.

Бројот на поплави во светот е зголемен за 15 пати од 1950 година, температурните разлики за дури 20, додека пожари има седумпати повеќе. Што се случува?

Почвата еродира десет до 40 пати побрзо отколку што се враќа во природниот процес.

Од средината на 20 век, 30 проценти обработливо земјиште стана неплодно поради ерозијата. Овој извештај, исто така, наведува дека Велика Британија е една од земјите со најголеми проблеми во животната средина. Годишно еродира околу 2,2 милиони тони почва во Велика Британија, а над 17 проценти од обработливото земјиште покажува знаци на ерозија.

Речиси 85 отсто од плодниот тресет во Источна Англија се изгубени од 1850 година, додека остатокот е во опасност да се из губи во текот на следните 30-60 години.

Многу научници веруваат дека влеговме во нова ера на големи климатски промени

„Ова време го дефинираме како ера на „деградација на животната средина ” со цел да ја разбереме тежината и темпото со кое природата ни пропаѓа, благодарение на човековата активност”.

Дали општеството ќе направи нешто по тој повод?

Сајмон Луис, професор на лондонскиот научен универзитет за Би-Би-Си вели дека наодите на Институтот се точни.

„Сето тоа се случува премногу брзо. Ќе имаме проблеми со храна во иднина, што може да доведе до немири, како и миграција, бидејќи многумина ќе бидат гладни.

„Политичарите треба да направат паметни одлуки за да избегнат катастрофа во иднина”.

Хариет Булкили, професорка по географија на Универзитетот Дурам, изјави дека извештаите на Институтот за јавна политика биле добро толкување на доказите што ги имаме во моментов.

„Она што е најважно е дека властите се вклучени во оваа акција. Знаеме што треба да правиме. Ги имаме сите можни докази и моето прашање е уште колку докази се потребни за да почнеме да работиме“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...