Поликлиника „Зегин медика“ – сите прегледи на едно место

1308

ПЗУ поликлиника „Зегин медика“ е здравствена установа која обезбедува целосни здравствени прегледи и специјалистички здравствени услуги за сите оние што сакаат професионалност, удобност, ефикасност, како и дискретност.

Матичен лекар

Ги става пациентите на прво место со сеопфатна и evidence-based медицина. Тој модел на работа професионално е поддржан од страна на квалификуван медицински тим.

Биохемиска лабораторија

Опремена со најсовремена апаратура, која овозможува висока точност на резултатите во строго контролирани услови – со упат од ваш матичен доктор можете да направите сѐ на едно место.

– Рутински биохемиски анализи – крвни анализи и тестови што вклучуваат бубрежна функција, црн дроб, срце, специфични протеини, железо-индекси, гликемија, липиден статус, електролитен статус
– витамин Д
– тироиден статус
– хормони и тумор-маркери
– алерготестови
– хемостаза
– инфективни заболувања
– рутинско тестирање урина

Интерна медицина

(склучен договор со ФЗО)

Нашиот принцип на работа е базиран врз моделот patient – centered, што значи медицинскиот тим врши континуирано следење на вашето здравје во целост.

– Интернистички прегледи
– Ехо на абдомен
– Ехокардиографија
– Ехо на тироидна жлезда
– Ехо на дојки
– Полиграфија – дијагностицирање слип апнеа
– Доплер на каротиди
– 24 -72-часовен холтер (ЕКГ и ХТА)
– Алерголошки прегледи
– Дензитометрија – прегледи за остеопороза

Медицина на трудот

Задржување на вашите вработени здрави, безбедни и ефикасни. Нашата back to work-филозофија ја оптимизира грижата за пациентот и неговата продуктивност.

– Систематски и периодични здравствени прегледи на вашите вработени
– Лекарски уверенија за вработување
– Лекарски уверенија за суд и за странство
– Учество во елаборат за процена на ризик на работно место
– Управување со ризик-факторите

(промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...