Покрената постапка против ПСЖ и Црвена ѕвезда поради „однесувањето на публиката“

167

УЕФА покрена постапка против ПСЖ и Црвена ѕвезда за „однесувањето на публиката“ на „Парк де Пренс“.

Ѕвезда немаше организирана навивачка група во Париз, токму поради забраната од УЕФА. Сепак од централата забележуваат за однесувањето на навивачите. „Црвено-белите“ се обвинети за „навредливо скандирање“ во рамките на стадионот на парижаните, и покрај фактот дека клубот не можеше да продава билети на своите поддржувачи.

По натпреварот сепак беше поведена постапка против двата клуба за „однесувањето на публиката“ на стадионот.

Локалните медиуми пренесоа и дека поддржувачите на двата клуба се судриле по натпреварот пред стадионот, а ПСЖ е обвинет за активирање на пиротехника на трибините.

Дисциплинското, етичкото и контролното тело на УЕФА ќе донесе одлука за казната на 18 октомври.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...