Покрената истрага против Нејмар

122
ФОТО: EPA / IAN LANGSDON

УЕФА објави дека покренува истрага против Нејмар, фудбалер на Пари Сен Жермен.

Нејмар од Бразил, преку социјална мрежа Инстаграм ги коментираше на навредлив начин одлуките од ВАР просторијата за време на натпреварот ПСЖ – Манчестер Јунајтед во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тогаш беше досуден пенал за гостите од Манчестер во судско надополнување по што Јунајтед избори пласман понатаму.

Нејмар го прекршил членот 11 од Дисциплинскиот правилник на УЕФА со што е пропишано дека дисциплински прекршок претставува кршење на општите принципи на однесување кои го доведуваат фудбалот и фудбалска органзиација на лош глас, како и секое навредливо однесување кое ги крши основните правила на пристојност. УЕФА, повикувајќи се на член 31 (3), го довери случајот до Етичкиот и дисциплинскиот инспектор, кој ќе одлучи за евентуална казна.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...