Покрај свој интернет, Русите ќе имаат и сопствена Википедија

Во тој проект ќе бидат вложени 27 милиони долари до 2022 година.

73
ФОТО: EPA / EVGENIA NOVOZHENINA / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин предложи дека Русија би требало да има сопствена верзија на Википедија со цел да се претстави во добар и модерен облик.

Во тој проект ќе бидат вложени 27 милиони долари до 2022 година.

Руските власти на 1 ноември добија овластување за исклучување на интернетот во земјата, а владата планира да создаде инфраструктура за суверен интернет, што го претстави како неопходност за одбрана против надворешните кибер напади.

Русија сака да се заштити од кибер напади, поради што нејзините експерти создале систем за заштита на сопствените компјутерски системи, што им овозможува на Русите да работат преку интернет и без пристап до Светската мрежа WWW (World Wide Web).

Според критичарите, пак, тоа е само еден од начините на кои Русија сака да ги изолира своите граѓани од светот и неговите влијанија.

Русија и претходно најавуваше дека планира да тестира свој интернет. Според порталот Д-Рушиа, тестирањето на изолираноста на мрежата ќе почне после 1 ноември и ќе се повторува најмалку еднаш годишно.

Се верува дека руската Влада зависноста на ИТ-секторот од Западот ја смета за своја слабост, која другите нации можат да ја искористат против Русија.

Изолацијата на руската Интернет инфраструктура, која честопати се нарекува РуНет, е проследена и со законодавство кое ги ограничува руските граѓани да пристапуваат до одредени веб-страници.

ФОТО: EPA / EVGENIA NOVOZHENINA / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...