Покетино и Алегри во трка за тренерското место во Манчестер Јунајтед

305
ФОТО: EPA/ANDY RAIN

Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино може да го предводи Манчестер јунајтед следната сезона, јавува новинарот Алфредо Педула на својата веб-страница. Аргентинскиот специјалист веќе имал контакт со раководството на тимот од „Олд Трафорд“.

Покетино би сакал да добие контрола над трансферите. Преговорите со него сè уште не се одржани.

Друг кандидат за тренерското место е Масимилијано Алегри, кој го напушти Јувентус на крајот на минатата сезона.

Манчестер јунајтед, под водство на сегашниот тренер Оле Гунар Солскхер, по 23 кола го зазема петтото место на табелата во Премиер лигата. Од „Зоната на Лигата на шампионите“ го делат пет бода.

ФОТО: EPA/ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...