Поканата за Македонија прифатена како точка на Самитот на НАТО

1529

Северноаталантскиот совет денеска донел едногласна политичка одлука да ја стави точката за покана на Македонија во НАТО на самитот на Алијансата на 11 и 12 јули во Брисел, обелодени Заев од собраниската говорница на седницата за Законот за ратификација на Договорот со Грција

Со тоа, рече премиерот се остваруваат вековните аспирации на сите генерации пред нас и на сите граѓани на Македонија.

Претходно, и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави дека е можно да биде испратена покана за членство на Македонија во Алијансата на самитот што на 11 и 12 јули ќе се одржи во Брисел, откако Скопје и Атина постигнаа договор за спроот за името.

– Се надевам дека ќе има напредок со поранешната југословенска Република Македонија бидејќи тие постигнаа договор со Грција за проблемот со името. Ако тој договор биде финализиран и целосно применет новото име ќе биде Република Северна Македонија и тогаш можеме да тргнеме кон членство на поранешната југословенска Република Македонија во НАТО. Искрено се надевам дека тоа ќе можеме да го направиме – изјави Столтенберг во интервју за француската телевизија „Франс 24“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...