Новопечениот оскаровец Хоакин Феникс (45) и неговата свршеница, актерката Руни Мара (34), се запознале во 2013 година на снимањето на филмот „Her“, а актерот признал дека тогаш имал чувство дека Мара не може да го поднесе.
– Не сакаше воопшто да разговара со мене. Таа е единствената личност за која барав информации на интернет. Никогаш тоа не сум го правел. Бевме самоа пријатели, се допишувавме преку имејл – изјавил во една прилика Феникс.
По снимањето на филмот, двојката се разделила, но тие повторно се споиле на сетот на „Мери Магдалена“. За време на снимањето се вљубиле и ја започнале врската.
Првпат на црвениот тепих се појавија во 2017 година и тоа не свеченото отворање на Филмскиот фестивал во Кан. Во текот на церемонијата Мара го држала за рака Феникс и страсно го бакнала кога ја освоил наградата за најдобар актер за филмот „You Were Never Really There“.
Во септември 2017 година Феникс откри дека тој и Мара живеат заедно во неговиот стан од 1,3 милион фунти во Лос Анџелес.
Иако двајцата повеќето време го поминуваат пред камерите и рефлекторите, идните сопружници не живеат живот како останатите ѕвезди. Тие го избегнуваат типичниот холивудски начин на живеење, не одат на забави што ги приредуваат славните ѕвезди и во отмени ресторани. Јадат исклучиво зеленчук и овошје од својата градина, заедно одат на педикир, а често може да се видат на протести за правата на животните.
Иако не сакаше да ја коментира свршувачката, Феникс, наводно, ѝ предложил брак на Мара во мај лани по три години врска. Венчавката, според пишувањето на странските медиуми, ќе биде интимна за мал круг луѓе.
FOTO: Tviter/Printskrin