Познат хрватски коментатор препродавал билети на СП во Русија

Од ХРТ беа изненадени од истрагата, бидејќи не знаеле дека некој во нивно име барал билети, кои се за финалето во Москва на црно достигнале 20.000 евра.

441

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против познатиот новинар на Хрватската радио телевизија (ХРТ) Драго Чосиќ, под сомневање за препродажба на билети за финалето на СП меѓу Франција и на хрватската репрезентација, пренесува Индекс.

Според соопштението на ФИФА добил информации од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) за билети, според сериските броеви на ХРТ кои се појавиле на „црниот пазар“.

Од ХРТ беа изненадени од истрагата, бидејќи не знаеле дека некој во нивно име барал билети, кои се за финалето во Москва на црно достигнале 20.000 евра.

Истрагата покажа дека во името на ХРТ е побарано 40 билети и се сомнева дека тоа го сторил Чосиќ заедно со меѓународен координатор Саша Дедиќ.

Против нив ХРТ покрена дисциплинска постапка која може да заврши со отказ.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...