Полицијата го утврдила идентитетот на лицето за кое вчера беше објавено дека е пронајдено обесено во борова шума над средното училиште во Ресен, соопшти МВР.
Станува збор за лицето А.И. од Ресен, кој на 13 февруари годинава бил пријавен за исчезнат. Телото било пронајдено на 24.04.2018 година во 19:30 часот.