Познат освојувачот на Големата награда на Германија, Хамилтон остана без бодови

242
ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Макс Верстапен од тимот на „Ред бул“ е освојувач на годинешната Голема награда на Германија.

Холанџанецот извози 64 круга на патеката Хокенхајмринг со време 1 час 44 минути 31 секунда и 275 стотинкиВторото место му припанда на Германецот Себастијан Ветел од Ферари, кој направи голем пресврт, односно до второто место стигна откако стартуваше последен. Третото место му припадна на Русинот Квјат Даниил од „Торо Росо“.

Луис Хамилтон остана без бодови на оваа трка, што ја заврши на 11-то место, но сепак останува на чело на Генералниот пласман со 39 бодови повеќе од второпласираниот Ботас.

Верстапен, со денешниот триумф ја ублажи меѓусебната бодовна разлика со лидерот на табелата Хамилтон  на 72 бода.

ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...