Бранко Василевски е лицето кое за време на крвавите настани на 27 април во парламентот прво довикувал со навредливи и недолични зборови кон пратеничката на СДСМ Фросина Ременски, а потоа и физички ја нападнал, објави 1ТВ.
Телевизијата објави документ како потврда на тоа во кој се наведува кривичното дело за кое се товари Василевски -насилство, за што најниската казна е затвор од 6 месеци до пет години.