Познат изгледот на шеширите за баражите за СП 2021, Македонија во групата неносители

117

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го објави изгледот на шеширите за баражите за СП 2021, кое ќе се одржи во Египет.

Северна Македонија поради слабиот настап на ЕП 2020 се најде во групата на неносители, што значи дека ќе имаме силен противник во борбата за настап на СП.

Ждрепката за баражот за СП во 2021 година ќе се одржи на 9 март во Виена.

Шешир 1: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција

Шешир 2: Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција/Русија, Романија/БиХ, Полска/Литванија, Израел/Летонија, победник од квалификации

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...