Познати четвртфиналистите во Копа Америка

166

На фудбалскиот Куп на Америка, кој се одржува во Бразил, со одигрувањето на натпреварите од 3. коло во групата-Ц заврши првата фаза по која познати се осумте селекции кои ќе играат во четвртфиналето.

Тоа се двете првопласирани од трите групи, како и две репрезентации кои завршија на третото место и се со подобар биланс од другата третопалсирана.

Во четвртфиналето одат: Бразил, Венецуела и Перу (А-група); Колумбија, Аргентина и Парагвај (Б-група) и Уругвај и Чиле (Ц-група).

Ноќеска во последното коло од групата Ц, Уругвај го победи Чиле со 1:0, додека Еквадор и Јапонија ремизираа 1:1.

Во четвртфиналето ќе играат:
Бразил – Парагвај (Порто Алегре, 27 јуни)
Венецуела – Аргентина (Салвадор, 28 јуни)
Колумбија – Чиле (Сао Пауло, 28 јуни)
Уругвај – Перу (Ресиве, 29 јуни).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...