Познати новите директори предложени од ДУИ

969

Познати се шест имиња на директори предложени од страна на ДУИ откако премиерот  Зоран Заев, минатата недела најави промена на десетици управители, нивни заменици и членови на одбори,

Како што објави Алсат, за Македонски железници инфраструктура се предлага Фестим Халили, Биро за јавни набавки – Елвадина Дика, Агенција за странски инвестиции – Арбен Вила, Македонија пат – Армир Садику, Клиника за гинекологија – Ајрула Мустафа и Банка за обнова и развој – Фарук Исмаили.

До сега МЖ Транспорт го предводеше Ирфан Асани, Биро за јавни набавки беше раководено од Бардуљ Насуфи, додека Вулнет Адеми, Гајур Кадриу и Ваљон Беља беа директори на Агенција за странски инвестиции, Македонија пат и ЈЗУ ГАК.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...