Познати двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите

389

Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во швајцарски Нион, денеска се извлечени двојките за осминафиналната фаза.

За влез во четвртфиналето ќе се борат:
Борусија Дортмунд – Пари Сен-Жермен
Реал Мадрид – Манчестер сити
Аталанта – Валенсија
Атлетико Мадрид – Ливерпул
Челзи – Баерн Минхен
Олимпик Лион – Јувентус
Тотенхем – Лајпциг
Наполи – Барселона.

Првите средби се закажани за 18, 19, 25 и 26 февруари, а реваншите на 10, 11, 17 и 18 март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...