Познатиот рапер застрелан во својот дом

Полицијата соопшти дека раперот бил однесен во болница, а подоцна бил прогласен за мртов. 

851

Младиот американски рапер Поп Смоук е убиен во својот дом на Холивуд хилс.

Полицијата во Лос Анџелес изјави за медиумите дека маж е убиен во неговиот дом во вооружен грабеж, но тие не го откриваат идентитетот. Се смета дека станува збор за 20-годишниот рапер Поп Смоук, роден во Бруклин.

Двајца непознати и маскирани напаѓачи провалиле во домот на 20-годишниот пејач во раните утрински часови. Истрелале неколку куршуми во него, после што побегнале од местото на злосторството.

Полицијата соопшти дека раперот бил однесен во болница, а подоцна бил прогласен за мртов.

Полицијата пристигнала на местото на настанот шест минути откако добиле повик. Велат дека досега не ги идентификувале осомничените и сè уште никој не е уапсен. Се верува дека еден од осомничените имал пиштол, јавува Би-би-си. Не е јасно што е мотивот на убиството на младиот рапер.

На социјалните мрежи, многумина веќе се збогуваат со раперот, чие вистинско име беше Башар Барака Џексон, меѓу кои Бела Хадид, Наоми Кемпбел, Травис Скот, Ники Минаж…

Американските медиуми пишуваат дека Поп Смоук бил ново, но многу иновативно име на рап сцената. Го исфрли микстејпот минатото лето, од кој се издвојува синглот „Welcome to the party“ и соработуваше со Травис Скот на песната „Gatti“.

Поп Смоук се проби на сцената минатата година, што го направи една од надежните sвезди на радио Би-би-си 1Xtra во 2020 година.

FOTO: YOUTUBE/SCREENSHOT/POP SMOKE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...