Поп-пејачот Ед Ширан завчера објави дека ќе паузира од музичката кариера, додавајќи дека ќе се врати кога ќе „поживее малку повеќе, па навистина да има за што да пишува“.
„Era Dividea“ (албумот) и турнејата ми го сменија животот на толку многу начини, но сега тоа заврши. Време е да излезам и да го видам светот“, напиша 28-годишниот пејач на Инстаграм.
„Работев нон-стоп од 2017 година, така што само ќе одморам и ќе патувам, да пишувам и ќе читам. Ќе бидам надвор и од социјалните мрежи додека не дојде времето да се вратам назад“, напиша тој.
Ширан, кој неодамна се ожени за долгогодишната девојка Чери Сиборн, веќе еднаш се одмори во 2016 година.
Тој е познат по хитовите како „Shape of You“ и „Castle on the Hill“.