Полицијата е убедена дека австралискиот диџеј Адам Скај (42) починал во луксузниот ресорт на Бали обидувајќи се да ѝ помогне на соработничката која паднала од терасата на приватната забава, а тогаш се здобил со страшни повреди на кои им подлегнал.
Адам Нит – чие уметничко име е Адам Скај – бил пронајден во безживотна состојба во базенот полн со крв околу 10 часот во саботата, 4 мај.
Диџејот од Мелбурн отседнал во скапоцена вила со двајца луѓе, а според зборовите на очевидците, неговата соработничка, Русинката Зоја Лукианчева, се лизнала од терасата и паднала четири метри подалеку од базенот на кој се одвивала приватната забава, па ја скршила ногата.
Детективите се убедени дека Адам Скај брзал во соседниот двор за да ѝ помогне, а во таа прилика „поминал“ низ стаклото на вратата за да влезе во куќата, па се здобил со многубројни исекотини на раката поради кои искрвавил на смрт.
Полицијата навела дека алкохолот одиграл голема улога во несреќата.
Вработените во ресортот рекле дека бил исклучително љубезен кој нив. Адам неодамна бил во Сингапур, а лани се најде на третото место на листата на најдобрите диџеи во Азија.
FOTO: Instagram/DJ Adam Sky