Познатата манекенка предвреме се породила во автомобилот среде шума! ФОТО

И покрај тоа што Петра го родила синот во петок, 15 ноември, таа не сакала да зборува за низ што поминала сè до минатата вечер.

1135

Поранешниот супермодел, чешката манекенка Петра Немцова (40) се породи и го донесе својот син на свет, а на целиот чин му претходело драматично искуство.

Имено, и покрај тоа што Петра го родила синот во петок, 15 ноември, таа не сакала да зборува за низ што поминала сè до минатата вечер.

Момчето е родено шест недели порано, и тоа додека Петра и нејзиниот партнер Бенџамин престојувале во зафрлено подрачје опкружено со природа, рекла манекенката. Кога сфатила дека породувањето почнало, Петра влегла во автомобилот и додека итале кон најблиската болница, таа се породила.

Бидејќи бебето се родило предвреме, следувале најтешките денови за Петра и нејзиниот партнер, затоа што животот на момчето било во опасност.

Сепак, кога станало јасно дека сè е во ред со нејзиниот син, Петра се огласила на социјалните мрежи.

Манекенката ги опиша сите детали синоќа со фотографијата од болницата.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...