Познатата актерка Ен Хатавеј неколку месеци криела од јавноста дека е бремена.
Меѓутоа, среќната вест оскаровката ја открила неодамна кога на аеродром се појавила со трудничкиот стомак, со кој потврдила дека е бремена.
„Мојот стомак не е за потреби на некој филм. Шегата настрана, за сите кои поминуваат низ пекол и не можат да забременат – знајте дека потполно ве разбирам, бидејќи по вторпат поминав низ тоа“, порачала познатата актерка, која чека дете со Адам Шулман.
FOTO: Instagram/Printskrin