Синоќа околу 21:50 ч. во Скопје, на ул.„Џон Кенеди“ Е.М (32) од Скопје пријавил дека по претходен договор се сретнал со неговите познаници А.А. (40) од Скопје и Б.Н во нивното патничко моторно возило „БМВ“, а во врска со давање на пари.
По кратко време, настанала расправија и А.А. му нанел убодна рана со остар предмет, а потоа и пукал кон него во левата подлактица. На Е.М. му е укажана помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“.
Се работи на целосно расчистување на случајот.