Пожар од запален кабел од фрижидер, работникот кој го гасел завршил во болница, велат од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Борис Трајковски, во магацински простор во маркет се запалил кабел од комора за фрижидер. Пожарот со противпожарнен апарат бил изгаснат од вработениот Г.Ј.(38) од Скопје, кој додека интервенирал вдишал од чадот, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош – соопшти МВР.