Од засега непознати причини рано утрово изби пожар на јахта закотвена на марина во јужниот дел на Атина, а брзо се прошири на уште две јахти, јави дописничката на МИА од Атина.
Противпожарната служба на Грција со 18 пожарникари со шест возила и противпожарен брод, успеа да го стави под контрола пожарот, а предизвикана е материјална штета на три јахти. Едната е целосно уништена, втора претрпела големи, а третата мали штети.