Голем пожар избувна утрово во месноста Лурдата на јужниот дел од грчкиот остров Кефалониа, а според локалните медиуми, превентивно биле евакуирани туристи и жители, jави дописничката на МИА од Атина.
Во справувањето со огнените јазици интервенираат 42 пожарникари со 12 возила и еден хеликоптер, а помагаат волонтери и цистерни на општината.
Според медиумите од островот, туристите, рано утрово биле известени за пожарот, ги земале нивните работи и смирено и без паника биле пренесени со автобуси. Некои од туристите, пак, според истите информации, не сакале да заминат.