Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера избувнал пожар во Клиниката за инфективни болеси во Скопје.
„Вчера попладнето, во 18:45 часот во СВР Скопје било приајвено дека настанал пожар во Клиниката за инфектологија во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ при што опожарени биле кабли и цевки во тоалет од една од собите. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.За настанот е запознаен јавен обвинител“, соопшти МВР.