Во канцеларија која се користи како архивска просторија во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје вечерва избил пожар. Од пожарот повредени нема, други простории не се зафатени и причинета е материјална штета.
Од екипи на противпожарната единица пожарот е изгаснат, а причините ќе ги утврдат надлежните институции, соопшти Министерството за здравство.