Во скопската населба Козле во тек е интервенција на противпожарната бригада по пријавувањето за запалени стари гаражи, јави МКД.мк
Пожарот е на улицата „Миле Под Јорданов“, а пријавен е околу 21:30 часот.
Според информацииите од Противпожарната бригада на Град Скопје, на терен се испратени пет пожарникари со две противпожарни возила.
Очевидците велат дека пред избувнувањето на пожарот, од гаражите се слушнале две експлозии, најверојатно на плински боци. Нема опасност од ширење на пожарок кон куќите.