Пожар во близина на Пробиштип

57

Сува треба и ниско стеблеста шума во моментов гори во околината на општина Пробиштип.

Градоначалникот на општината Драган Анастасов рече дека станува збор за поголема површина и дека  во моментов не може точно да се каже колкав простер е зафатен.

Информира дека пожарот се движи кон селата во општина Свети Николе и дека за негово гаснење ангажирани се 23 пожарникари и членови на резервниот состав на противпожарната единица во Пробиштип. Во гаснење на пожарот се приклучуваат и пожарникари од Свети Николе.

Атансов вели дека за пожарот известена е Дирекцијата за заштита и спасување и дека од нив се бара да се вклучат и ЕР тракторите, со цел огнот да не се доближи до првите куќи на селата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...