Пожарот кај Радовиш се шири кон Струмичко

347

Пожарот на планината Готен, меѓу селата Покрајчево и Злеово во општина Радовиш, се уште гори и се шири кон општина Василево, информира градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Од вчера се ангажирани и хеликоптери на Аармијата во гаснењето на пожарот, а од денеска градоначалникот Конзулов бара да се вклучат и војници, покрај екипите на Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Национални шуми“ од подружниците во Радовиш, Струмица, Штип и Кочани, како и пожарникари од ТППЕ Радовиш.

– Мора да се вклучат и војници, бидејќи овој пожар почна да се шири кон територијата на Струмичкиот регион, односно кон општина Василево. Пожарот е голем, а ситуацијата е многу сложена поради непристапниот терен – рече градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Додаде дека имаат сознанија оти пожарот постојано се потпалува од страна на неодговорни граѓани.

Досега во пожарот, кој гори десетина денови, изгореа околу 200 хектари нискостеблеста шума.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...