ОБНОВЕНО Пожарот во Кисела Вода изгаснат, станарите евакуирани

Противпожарните служби се бореа со огнената стихија цели два часа, по што беа евакуирани неколку станари од становите над петтиот кат.

836

Заврши евакуацијата на зградата во скопската населба Кисела Вода, која денеска беше опожарена, откако пожарникарите успеаја да го изгаснат.

Пожарот избувна во еден стан во зграда на улицата Народни херои број 23.

Противпожарните служби се бореа со огнената стихија цели два часа, по што беа евакуирани неколку станари од становите над петтиот кат.

-Ситуацијата е под контрола, спасени се сите граѓани што беа на шести и на седми кат, спуштени се сите долу и сите се во добра состојба. Имаме тројца повредени пожарникари, едниот има изгореници на десната рака, задржан е на Скопските клиники, а другите двајца пожарникари вдишиле чад затоа што немало доволно воздух за да се отворат прозорците. Сега засега се е под контрола, горе нема никој – изјави за МИА командирот на Противпожарната единица Владимир Симоновски.

Според него, сѐ уште не е утврдено која е причината за пожарот, но според првичните сознанија, изгледа настанал од кујната.

– Најверојатно пожарот настанал од електрична инсталација, или од нешто слично. Од топлината е пробиен и спротивниот стан од другата страна. Имаше тежок пристап внатре во влезот и беа зафатени два други стана од пожарот. Во становите имаше седум луѓе, меѓу кои две дечиња, а другите повозрасни и сите се во одлична состојба. Последната жена што е спуштена имала проблеми со дишење, но сега е на лекарства и е во добра состојба. До вечер граѓаните ќе можат да си влезат во становите, влезот е слободен – посочи Симоновски.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...