Пожарникар кој побарал помош од пријател за да избегне плаќање алиментација за дете, доби затворска казна, пренесува „Метро“.
Триесет и тригодишниот Симон Џордан рекол дека тој не е татко на бебето и се согласил на ДНК тест за да не плати 16.000 фунти. Потоа Џордан побарал од неговиот другар да го направи тестот наместо него, бидејќи личат еден на друг.
Триесет и тригодишниот Џејсон Ли Колс го направил тестот, а мајката на детето на Џордан побарала од надлежните да се спроведе истрага.
Следува откривање на измамата и двајцата мажи се најдоа пред суд, каде признаа дека се виновни за настанот кој се случил меѓу 20 јули и 24 август, 2017 година.