Голем пожар избувна кај Шибеник вчера околу 13.30 часот, а со оглените јазици се бореа околу 200 пожарникари, јавуваат хрватските медиуми.
Годинава тоа беше најголем пожар на подрачјето на Хрватска и е прв во кој се ангажирани и припадниците на војската.
При гасењето на пожарот бил повреден еден пожарникар, кој се наголтал чад и по укажаната помош е пуштен дома.
Состојбата на терен во моментов е стабилна, а според последните информации пеплосани се околу 900 хектари трева и борова шума.
Хрватските пожарникари објавија драматички видеа од пожарот, а на еден од нив се слуша како довикуваат: „Едвај се извлековме“.
За пожртвуваноста на хрватските херои се огласи и претседателката Колинда Грабар Китаровиќ која напиша: „Ви благодарам на тоа што го направивте за нашата безбедност. Со желба за побргу закрепнување на повредените ги повикувам сите на одговорно однесување и внимателност, посебно во текот на летната сезона кога едно мало невнимание може да ги загрози животите и имотите. Херои!“.