Скопските пожарникари и доброволци кои беа испратени да помогнат во Албанија по катастрофалниот земјотрес денеска добија благодарници од Град Скопје.
Благодарници им беа врачени на доброволците Артан Демири, Исма Рамадани, Неџати Бериша, Зекирија Мурат и Јахи Исеновски и на пожарникарите Владимир Симоновски, Трајче Кметовски, Среќко Цимевски и Нуредин Мустафа.
Пожарникарите и доброволците се приклучија на спасувачките служби и учествуваа во извлекувањето и спасувањето на повредените во земјотресот и во расчистување на урнатините од оштетените објекти.