Пожарна Скопје во потрага по преживеаните во Драч ГАЛЕРИЈА

531

Скопските пожарникари, кои вчера попладне заминаа за Драч, заедно со двајца колеги од Град Скопје, веднаш по пристигнувањето ја почнале спасувачката мисија во овој град, по вчерашниот силен земјотрес во Албанија. Досега има најмалку 29 мртви од земјотресот, а беа повредени повеќе од 650 лица.

Како што вчера објавивме, командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Влатко Симоновски, пред да замине за Драч со шестчлената екипа, изјави дека ќе бидат пресреќни да спасат и еден човек под урнатините.

Во битката за спасување на преживеаните во Албанија досега се извлечени околу 45 лица, според локалните медиуми.

Градот Скопје испрати и беспилотно летало кое ќе врши 3Д мапирање на теренот за да им помогне на спасувачките служби кои се во Драч.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...