Пожарите уништија и над 300 хектари шума во Националниот Парк Галичица

651
ФОТО: EPA/Maja Suslin

Пожарникарите на неколку локации им се спротивставуваат на огнените стихии, а Преспа и денеска е во пламен. Пожари има и во Националниот  Парк Галичица огнот досега уништил над 300 хектари шума и трска на крајбрежјето.

Пожарот на Преспанското крајбрежје почна вчера кога биле запалени диви депонии и  стрништа кај туристичката населба Сирхан во близина на Отешево. Овој пожар се проширил и на трската на крајбрежјето, но и на дел од овоштарниците.

Силниот ветер го префрлил пожарот и преку асфалтниот пат, кон Националниот парк Галичица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...