Илјадници пожарникари се борат против шумските пожари во Грција. Најголем бил тој на островот Евија, северно од Атина, кој и понатаму беснее. Според најновите информации, ситуацијата е малку подобра.
– Ситуацијата е изгледа подобра, пожарникарите вложија големи, надчовечки напори – рекол региналниот гувернер за централна Грција, Костас Бакојанис за „Скај“.
Тој додал и дека човечки животи не биле загрозени.
Во Грција во рок од 24 часа во периодот од последните два дена, пламнале 56 пожари, пренесува АП.
Порталот Катимерини пожарот во централните делови на Евија го нарекол голема еколошка катастрофа. Се наведува дека пожарот опфатил фронт кој се протегнува на 12 километри и дека е прогласена вонредна ситуација.
Пожарот на Евија синоќа бил надвор од контрола во близина на селата Макријмали, Контодеспоти, Платанија и Ставрос. Тие, заедно со еден манастир, биле евакуирани.
Околу 500 жители на таа област биле евакуирани, некои со полицајски автобуси, други со сопствени возила.
Грција побарала помош од европската организација за цивилна заштита, а помош пратиле и Хрватска и Италија.
Премиерот Кирјакос Мицотакис го прекинал летувањето на Крит и се вратил во Атина.
Граѓани биле советувани да останат во затворени простории и да ја вклучат климата, за да го користат само воздухот од просторијата. Тоа важело особено за постарите лица, децата и оние со проблеми со срце или со дишење.
ФОТО: EPA / KOSTAS TSIRONIS