Под истрага 32-годишен маж во чиј дом беше пронајдено оружје

115

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишен жител на тетовското тело Копанце поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– При извршен претрес на 17 октомври во домот на осомничениот, 32-годишен жител на село Копанце, пронајдени се оружје и муниција од поголемо количество кои на граѓаните им се забранети и тоа една автоматска пушка. една рамка со 19 куршуми калибар 7,62 мм, 162  куршуми калибар 7,62 мм за автоматска пушка, еден куршум калибар 7,65 мм и еден пиштол марка Барета. Пронајденото оружје и муниција се одземени – се наведува во соопштението од ЈОРМ.

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи,  до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово доставил предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице, по што Судот на осомничениот му определил куќен притвор во траење од 30 дена

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...