Под градникот сокрила 70.000 евра, ја откриле српски цариници на преминот Градина

678

На граничниот премин Градина припадници на Царинската управа на Србија откриле 70.000 непријавени евра, соопштија денеска од управата, пренесе српски „Курир“.

Настанот се случил на 12 декември кога, на редот за контрола за излез од земјата стигнал автомобил „бмв“ со германски регистарски ознаки.

Во него патувале двајца германски државјани со турско потекло, а тие изјавиле  дека немаат ништо да пријават на граничната контрола, вклучувајќи и пари.

Но, во појас под градникот на една од двајцата патници, цариниците пронашле 70.000 евра. Привремено, до завршувањето на прекршочната постапка задржана е сума од 50.000 евра, откако претходно на патниците им се вратени по 10.000 евра, колкушто  без пријавување е дозволено да се пренесат преку граница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...