Подуеност на стомакот: Шест причини зошто упорно се јавува овој проблем

Гасовите се една од главните причини за надуеност, а најдобро се лекува со одбегнување храна која предизвикува гасови (мешунки, кромид, брокула, прокељ).

4010
Blond woman with a painful expression sitting on a grey sofa at home with her hands placed on her stomach

Надуеноста му задава маки на секој човек барем еднаш во животот, а еве како да препознаете дали е опасна по здравјето. Надуеноста се дефинира како отекување на стомакот што е главно болна и непријатна состојба, а еве зошто стомакот е подуен и на која болест упатува таквата појава.

Гасовите се една од главните причини за надуеност, а најдобро се лекува со одбегнување храна која предизвикува гасови (мешунки, кромид, брокула, прокељ).

Друга причина е запекот, а тој се лекува со вклучување во исхраната на што е можно повеќе намирници богати со влакна и со лесно вежбање (шетање околу 30 минути дневно).

Голтањето на воздух е, исто така, причина, па не зборувајте додека јадете, седете исправено додека јадете и одбегнувајте газирани пијалаци.

Интолеранцијата на храна може да предизвика болки во стомакот, надуеност и гасови. Главно се јавува интолеранција на глутен и лактоза, а ако ги имате често овие симптоми важно е да направите тест на интолеранција на храна.

Интолерантноста на цревната флора често е причина за надуеност, а симптомите се пролив и запек.

Целијакијата е хронично заболување и се карактеризира со неможност на организмот да свари одредени намирници како глутен, различни житарки и белковини.

Ова здравствена состојба не се лекува, туку организмот се привикнува на долгорочна диета без овие намирници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...