Подиве слон и повреди 18 лица на Шри Ланка

133

Најмалку 18 луѓе се повредени кога на будистичка верска свечена прослава на Шри Ланка, слон подиве и протрча преку насобраниот народ.

Слонот бил дел од поворката којашто во саботата минувала низ градот Коте, што се наоѓа близу главниот град Коломбо.

Човекот кој бил на слонот, паднал и за малку бил прегазен. Повредените се примени во две болници.

Извештаите говорат дека 16 од 18 лица се отпуштени од здравствените установи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...