Повторно е време за Garage sale во Ramstore Mall со попусти кои не смее да се пропуштат. Во Ramstore Mall традиционално, по деветти пат прават чистка, вадат сè надвор!
Шопинг-треската почнува утре и ќе трае цели седум дена, до 20 август. Фантастична можност да си ја подновите гардеробата и да го дополните плакарот, со попусти кои достигнуваат до -70%.
Каде ќе има попусти? Во сите продавници и локали од Ramstore Mall, но секако и во Ramstore маркетот што е дел од трговскиот центар. Од маркетот најавуваат одлични промоции за голем број производи, кои не смеат да се пропуштат. Ќе имате доста за шетање, па препорачуваме да си облечете удобни обувки. А ако немате такви, не постои подобро место за да си ги купите!
Ова со текот на годините прерасна во најголема распродажба во градот, веќе традиционална и многумина со нетрпение ја очекуваат. На Ramstore Garage Sale со помалку пари може да купите многу повеќе и без оглед дали барате спортска облека, трендовски парчиња, квалитетни обувки или модни додатоци, веќе сигурно во главата си имате план – да го почекам Garage Sale и да заштедам…
Исто ќе биде и овој пат, од утре до 20 август. Подгответе се и утре – зграпчете го денот и попустите!