Премиерата на „American Horror Story: 1984“ е на 18 септември, а новиот постер е главна тема на фановите на социјалните мрежи.
Новата сезона на оваа популарна серија се случува во 1984 година во еден камп каде кампери и вработени ќе преживуваат пекол. Фановите веќе се обидуваат да погодат кој ќе биде виновен за теророт, некој демон? Или вонземјан? Со новите видеа кои ги објави ФХ за деветтата сезона на оваа серија (кои за жал, македонските фанови не можат да ги погледнат на нивниот официјален канал на Јутјуб), може да се заклучи дека овој камп дефинитивно не е сигурно место за посетување, пренесува „Е! Online“.
Главните улоги ги имаат Ема Робертс и Гас Кенворти. Во февруари, Марфи соопшти дека Кенворти ќе го игра момчето на ликот на Робертс.
Покрај нив, во серијата ќе играат и Анџелика Рос, Били Лоурд, Коди Ферн, Лесли Гроусмен, Метју Морисон, ДеРон Хортон, Зак Вила и Џон Керол Линч.
ФОТО 1: EPA / NINA PROMMER
ФОТО 2: ФХ / Е! Online