Подготвена нова стратегија за одбарна на државата

216

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата со Нацрт Стратегијата за одбрана на Република Северна Македонија, и го задолжи Министерството за одбрана во рок од 7 дена од усвојувањето на информацијата да ја достави Стратегијата за одбрана до претседателот на државата за нејзино донесување.

– Тековната Стратегија за одбрана е донесена во 2010 година, а како резултат на безбедносната динамика, современите безбедносни закани и предизвици, но и како резултат на променетиот статус на Република Северна Македонија во меѓународни рамки, Министерството за одбрана изготви нацрт на нова Стратегија за одбрана на Република Северна Македонија, стои во соопштението.

Новата Стратегија ги идентификува одликите на современото безбедносно опкружување, дава насоки за понатамошен развој на одбранбените капацитети и способности на системот за одбрана на Република Северна Македонија, како и насоки за синхронизирање и унапредување на одбранбеното планирање, согласно стандардите на НАТО и ЕУ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...