Подарок од Комерцијална за бебињата кои ќе се родат на 31. октомври

137
20150911 Friday 1035 komercijalna banka

Децата, како најголема вредност за семејството и за општеството во целина, се во фокусот на Комерцијална банка АД Скопје. Традиционалната акција на донирање средства за новородени деца на 31. октомври, продолжува и годинава.

По повод Светскиот ден на штедењето – 31. октомври, Банката ќе им отвори штедни книшки –  Детско штедење „Верверичка“ со износ од 5.000,00 денари и исто толку штедни касички на сите деца кои ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот во Скопје и во други градови во Републиката во кои Банката има свои филијали и/или експозитури.

Средствата од оваа акција ќе бидат исплатени само на оние лица кои документите ќе ги достават најдоцна до 31.12.2018 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...