Во сезоната на матурски и апсолвентски прослави „Копче“ нуди можност да подарите облека сѐ со цел некој иден матурант или апсолвент да заблеска на својата посебна ноќ.
„Копче“ нуди можност за сите матуранти и апсолвенти да изгледаат онака како што посакуваат на посебната ноќ, бидејќи , „Копче“ е местото каде што може да најдете уникатна „second hand“ облека по најповолни цени.
Секој кој сака може да ја подари својата облека од матурската или апсолвентска вечер и на тој начин да овозможи некоја девојка или момче да заблескаат на својата посебна ноќ.
„Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените, а воедно е и место каде што се поврзуваат хуманоста, достоинството, трудот, екологијата.
Да се потрудиме заедно месецот мај да го направиме совршен, споделувајќи и ширејќи среќа и насмевки на лицата на младите луѓе. Со споделувањето во „Копче“, споделувате вредност и спомени, правејќи повеќе за себе и за другите!